Сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ нема да штеди финансиски средства да го доведе Масимилијано Алегри на Стемфорд Бриџ.


Алегри кој моментално е тренер на Јувентус е голема желба на Абрамовиќ и тој самиот ќе преговара со италијанскиот стручњак околу ангажманот.

Заминувањето на Алегри во Премиер лигата го подгреа менторот на Италијанецот во играчката кариера Џовани Галеоне. – Мислам дека „Макс“ ќе замине во Челси и ќе го води успшено клубот. Алегри е меѓу најдобрите пет тренери во Европа и не гледам причина да остане во Јувентус.

Ако рускиот тајкун успее да го убеди Алегри да го преземе Челси екс тренерот на Милан ќе биде петти Италијанец на клупата по Џанлука Вијали, Клаудио Раниери, Карло Анчелоти и Роберто ди Матео. 

OhridNews