Еден од ракометарите со најдолг стаж во Вардар, Илија Абутовиќ после завршувањето на оваа сезона ќе се збогува со Скопје и ќе го засили германскиот тим Рајн Некар Левен.

„Лавовите“ во друштво на тренерот Јакобсен го преставија специјалистот за одбрана кој ќе му се придружи на Филип Талески кој ги брани на германскиот шампион.

– Клубот има долгодишна визија и јас со моите настапи сакам да придонесам што повеќе за остварување на високите цели. – изјави на презентацијата Абутовиќ.

Ракометниот клуб Вардар следната сезона ќе биде со изменат лик. Заминувањето од Јане Сандански го официјализираа тренерот Раул Гонзалес, Арпад Штербик, Лука Циндриќ и Мијајло Марсениќ.

OhridNews