По извесна пауза, наметната од актуелната ковид криза, АД „Галеб“ враќа во функција две автобуски линии, од исклучително значење за граѓаните на Охрид, но и пошироко.
Имено, од понеделник, 10 мај, „Галеб“ повторно редовно ќе сообраќа на меѓуградската линија Охрид – Битола – Кочани. Поаѓањето од Охрид ќе биде во 06:00 часот од Охрид, а враќањето од Кочани е во 14:30 часот.

Покрај ова, остануваат досегашните поаѓања од Охрид за Скопје во 05:30 и 15:00, и од Скопје за Охрид во 8:00 и 18:30 часот.
OhridNews












