Поранешниот фудбалер на Сандерленд и на англиската репрезентација, Адам Џонсон, е прогласен за виновен по еден член од обвинението, за сексуална активност со 15-годишно девојче.
Џонсон пред судот признал дека го завел девојчето и дека ја бакнал, но ги негирал преостанатите две, многу посериозни точки од обвинението.
Судијата кој го води процесот во Судот во Бредфорд, го предупредил Џонсон, дека е извесно, дека нема да може да ја избегне затворската казна.
Џонсон со девојчето се сретнал на 30.јануари 2015 година, откако се согласил да и потпише фудбалски дресови. Фудбалерот признал дека го бакнал девојчето, а пред судот рекол дека нивната средба не отишла подалеку од тоа.
Од друга страна, 15-годишната тинејџерка истакнала дека имало и сексуални активности, а баш по таа точка од обинението Џонсон е ослободен од вината.
Поради овој случај фудбалерот, откако признал пред судот дека го бакнал девојчето, поради овој случај доби отказ во Сандерленд.
Адам Џонсон 12 пати во кариерата играл за англиската репрезентација, а клупската кариера му е поврзана со Њукасл, Мидлзброу, Лидс, Вотфорд и Манчестер Сити.
OhridNews











