Екипа на ЈП „Градски Пазар“ Охрид, на иницијатива на локалната самоуправа и Градоначалникот на Општина Охрид, постави дрвена ограда околу контејнерите наспроти комплексот Летница.

Со оглед на тоа што контејнерите се наоѓаат во строгиот центар на градот, каде и фрекфенцијата на луѓе посебно во летниот период е поголема, долги години се провлекуваше проблемот со преполните контејнери во текот на целиот ден, со што се оддаваше грда слика за градот, велат од претпријатието.

Со ова велат ќе се подобри сликата за нас, како граѓани на Охрид и воопшто сликата на градот.

OhridNews