Славната британска пејачка Адел, одлучила да го регистрира своето име како заштитен знак. На тој начин сакала да спречи другите да го искористуваат во комерцијални цели.

Едноставно не сака името да и се искористува за рекламирање на производи кои луѓето би можеле да помислат дека се во врска со неа.

Пејачката е позната по многубројни хитови, а од неодамна и по главната музичка тема за последниот филм Џејмс Бонд, (“Skyfall”), а не би сакала со нејзино име да се рекламираат производи како што се парфеми и накит.

Овој потег на 24-годишната пејачка ќе и олесни при подигнувањето на тужба против компаниите кои го користат името Адел поради привлекување на нејзините обожаватели.