Поп пејачката Адел би требало да присуствува на церемонијата за доделување на Златните глобуси на Беверли Хилс во недела, што би било нејзино прво појавување од кога го родила синот во октомври. Организаторите на церемонијата соопштиле дека пејачката ќе се појави како номинирана, и дека најверојатно нема да настапува.

Нејзината нумера ‘Skyfall’ од истоимениот филм за Џејмс Бонд е една од песните кои се наоѓаат во трка за титулата најдобра оригинална нумера. Сопственичката на бројни хитови добила син во октомври со својот партнер Сајмон Конецки, и оттогаш постојано се крие од очите на јавноста.