Дисциплинската комисија на УЕФА за три недели ќе соопшти која е конечната пресуда во врска со случајот на фудбалерот на загрепски Динамо и македонската репрезентација, Аријан Адеми.  

Откако и Б тестот на Адеми беше позитивен УЕФА објави дека пресудата ќе ја објави на 27.октомври, но во вторникот беше објавено дека конечната пресуда ќе биде позната на 16.ноември.

„УЕФА одлучи да ја одложи одлуката во случајот со позитивниот допинг тест на Аријан Адеми за уште три недели. Конечната пресуда ќе биде донесена на 16.ноември. Потсетуваме дека УЕФА отвори постапка против Аријан Адеми откако резултатите од допинг контролата, направени по мечот со Арсенал во ЛШ, покажаа дека е позитивен на недозволени средства, а позитивен беше и повторениот Б тест“.

Инаку Адеми клубот и репрезентацијата на Македонија целосно застанаа зад фудбалерот, сите се надеваат дека тој ќе избегне драстична суспензија. Бидејќи и вториот тест му беше позитивен се споменува суспензија од дури четири години.

Ohridnews