Сопственикот на АДГ Трудбеник Охрид пореку Facebook го соопшти својот став во однос на реакцијата на загрижени сопственици на станови во колективна станбена зграда на ул. „Карпош Војвода“ во Охрид. Во истиот тој нема забелешки на изнесеното од страна на засегнатите граѓани, но смета дека нема место за паника, уверувајќи дека се преземаат активности за надминување на непријатната ситуација.

-Нема потреба од никаква паника посебно што односите помегу јавното претпријатие и Трудбеник се во фаза на решавање на спорот со тоа што обезбедена е и предложена е гаранција со друг имот на АДГ Трудбеник Охрид со кој се покрива обврската на градежната компанија кон јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Состојбите кои внесоа оправдан немир кај станарите кои ги имаат платено становите и давачките кон државата, непотребно ги предизвика овластениот извршител за подрачето на Охрид кој податоците ги презел од катастарот во Охрид каде во имотните листови како сопственик стоел АДГ Трудбеник Охрид и истиот без да праша во фирмата дали истите станови имаат некој товар, сопственост и слично, веднаш отпочнал постапка за проценка на истите. Факт е дека станарите ги имаат платено становите, тие се вселени, живеат во нив, АДГ Трудбеник им ја предал сопственоста пред овластен нотар и записнички им го предал на истите меѓутоа како во повеќе случаи станарите не си извадиле имотни листови што истото можеле да го сторат неколку години наназад.-стои во коментарот објавен во име на сопственикот на АДГ Трудбеник на Facebook.

Инаку, сопственици на пет станови од зграда на улица „Карпош Војвода“ изградена од АДГ „Трудбеник“, денеска со допис до медиумите ја информираа јавноста дека поради нерешени односи на релација АДГ „Трудбеник“ и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, се соочуваат со можна заплена на становите, иако поседуваат документи дека становите се целосно или во најголем дел платени.

OhridNews

На сопственици на станови на „Карпош Војвода“ им се заканува опасност од насилно иселување од домовите