Администрацијата во општината е предимензионирана смета градоначалникот
10.07.13 17:29
Во единицата на локалната самоуправа, како и во јавните претпријатија кои произлегуваат од неа има превработесност, што сериозно го оптоварува работењето на општината, изјави градоначалникот Никола Бакрачески по експозето посветено на првите 100 дена од неговиот мандат.
-Европски стандард е 1 административец на 1000 жители. Општина Охрид со 55.000 жители би требало да има 50 – 55 вработени во администрацијата на локалната самоуправа. Сигурно дека еден од поголемите проблеми на почетокот на мандатот на нашето работење е оваа огромна превработеност. Ние ангажиравме служби кои ќе изготват стручна анализа која треба да покаже колку оваа администрација е издржлива не само во општина Охрид, туку и во јавните претпријатија, која анализа ќе резултира со заклучоци, што и како понатаму со оваа предимензионирана администрација.-изјави Бакрачески.
Анализите околу локалната администрација, како што истакна градоначалникот, се во тек и наскоро јавноста ќе биде информирана за состојбите со превработеноста во општината и јавните претрпријатија во Охрид.
Сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови Во Охрид времето денес сончево со мала облачност Ќе дува ...
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени До средината на следната седмица време...
На подрачјето на СВР Охрид, од јуни до септември се издадени 292 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети Само во септември се евидентирани 377 прекршоци Начинот на кој се управув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.