Градежната компанија Адора Инженеринг-Скопје стана официјален учесник во Глобалниот договор на ООН.

Вклучувањето во оваа глобална мрежа, изразува силна посветеност и визија на компанијата, за имплементирање на општествено одговорните практики, почитувајќи ги принципите на Глобалниот договор на ООН. Со ова,  АДОРА Инженеринг- лидерот во високата градба кај нас, во 2011 прогласена за 20-та економски најуспешна компанија во Македонија, како и Инвеститор на годината за 2011 и 2010-та година, стана дел од најголемата светска иницијатива за општествена одговорност на претпријатијата, што вклучува  над 8.700 учесници од бизнис и непрофитниот сектор од 135 земји.

-Почитувајќи ги принципите на Глобалниот договор, АДОРА Инженеринг стана движечка сила на глобалниот развој и доброволно придонесува за развојот на општеството во кое делува. Социјалните, политичките и економските предизвици ја отвораат потребата за тесна соработка меѓу бизнис секторот, владите, граѓанското општество и ООН. Глобалниот договор е полезна рамка за развој, имплементација и откривање на одржливи политики и практики.- се вели во писмото од Секретаријатот на Македонската мрежа на Глобалниот договор, за потврда на членството на АДОРА Инженеринг во националната мрежа.

Членки на Македонската мрежа на Глобалниот договор се компаниите или другите организации, кои пристапиле кон Глобалниот договор на територијата на Репубика Македонија.  Вклучувајќи ја АДОРА Инженеринг-Скопје, во моментов Македонската мрежа на Глобалниот договор брои 45 компании, невладини организации и други членови. Со нејзиното формирање во 2004 година, ова е првата мрежа во земјата целосно посветена на подобрување на општествената одговорност на претпријатијата.

OhridNews