Реномираната градежна компанија АДОРА Инженеринг-Скопје ја доби највисоката-гран при награда  ИНВЕСТИТОР НА ГОДИНАТА за 2011 година на меѓународниот саем за недвижности што се одржува во Скопје. Меѓу повеќето градежни компании од регионов, АДОРА Инженеринг оваа  најпрестижна саемска награда ја доби втора година по ред, потврдувајќи се како компанија број еден во секторот на градежништвото и високата градба во Македонија.

-АДОРА Инженеринг во годината во која одбележува 10 годишен јубилеј, ја достигна бројката на повеќе од илјада елитни станови, околу двесте деловни простории и илјада и триста подземни паркинзи, изградени комплетно по сите современи светски стандарди. Годинава почнуваме со изградба на петстотини нови станови во Скопје, кои ги градиме по највисоките стандарди за квалитет и ќе ги завршиме до почетокот на 2013 година. Новите станови ќе се вклопени во владиниот проект “Купи куќа, купи стан“, но и останатите купувачи за нив ќе платат цена од 900 евра за метар квадратен станбен простор. Наградата ИНВЕСТИТОР НА ГОДИНАТА, за АДОРА Инженеринг претставува голем поттик, но и обврска и одговорност, во наредниот период да градиме уште поквалитетно, со акцент на асеизмичките сигурни и цврсти градби, чиј адут е енергетската ефикаснот, како и зелените-еко градби, за сигурна и здрава иднина на идните генерации.- изјави проф. доктор Ванчо Чифлиганец, генерален менаџер и сопственик на АДОРА Инженеринг.

Наградата ИНВЕСТИТОР НА ГОДИНАТА, на АДОРА Инженеринг и беше доделена на свеченоста, што во рамките на саемот за недвижности REALEX 2012, се одржа во хотелот Александар Палас во Скопје, каде беа доделени награди во повеќе категории, за најдобар дизајн, најдобар проект, најдобар проект од јавен интерес и други.

OhridNews