Две Баба Мразици од компанијата Адора Инженеринг, вчера, им го разубавија денот на децата на Одделението за детска хирургија и Одделението за онкологија.

Претставници од компанијата на дечињата им подарија 60 новогодишни пакетчиња.

Ова е втора хуманитарна акција која е дел од новогодишниот хуманитарен караван на компанијата, на 8-ми декември, во соработка со Црвениот крст Охрид, компанијата подели педесет прехранбено-хигиенски пакети на социјално најзагрозените семејства од општините Охрид и Дебарца, хуманитарниот караван продолжува во четврток со посета на детското одделение во Струмица.

“Адора Инженеринг постојано реализира хуманитарна акции. Нашата денешна средба со дечињата е убаво заокружување на хуманитарните акции за 2012 година. Среќни сме што овој ден го поминавме со нив и им го разубавивме денот. Во текот на оваа недела предновогодишно ќе ги посетиме и дечињата на детското одделение во Струмица ”, вели Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора.

Од Одделението за детска хирургија велат дека овој хуманитарен гест има големо значење за дечињата кои не можат сами да го посетат Дедо Мраз и да добијат подарок.

Оваа година Адора Инженеринг прославува една деценија од постоењето. Како компанија е позната по своите хуманитарни дела. Во изминатиот период Адора повеќе пати вложуваше во заедницата, со донации на две саат кули, фонтана, зелени површини. Дел од општественото одговорните практики на компанијата е и стипендирањето на талентирани студенти, организирање на хуманитарни акции со Црвен Крст, изградба на црква во општина Аеродром-Скопје и подигнување спомен обележје во Охрид.

Од компанијата велат дека одговорните практики и понатаму ќе бидат приоритет во деловната стратегија на Адора.

OhridNews