На саемот за иновации Макиновa, во рамките на Технома 2013 во Скопје, трговската марка „Адора Инженеринг“ ќе го претстави иновативниот продукт, првиот изграден колективен станбен објект „А-КЛАСА“ во Македонија, според новиот правилник за енергетски карактеристики на згради.
Објектот, кој е прв што во Македонија се гради со стручна студија за енергетска ефикасност на д-р Петар Николовски, според измерените параметри, на станарите ќе им троши 6 пати пати помалку енергија и пари за греење месечно во зимската грејна сезона, споредено со поранешниот станбен фонд во Македонија.
Според студијата, за стан од 50 м² во новиот станбен комплекс на Адора Инженеринг од „А-КЛАСА“ во Скопје, во срцето на општина Аеродром, граѓаните ќе плаќаат само 1.250 денари месечна сметка за греење на струја, за разлика од поранешните 7.500 денари месечно за греење со струја на стан со иста површина.
OhridNews












