Во рамки на Европската недела на движење, под мотото „Во град без мој автомобил“ Адора Инженеринг учествуваше и го поддржа масовното велосипедско дефиле што се одржа во Скопје цо организација на Град Скопје, Министерството за животна средина и Делегацијата на Европската Унија во Македонија.

 

Претставници на компанијата заедно со голем број велосипедисти ја извозија патеката долга 10 км, од Порта Македонија, преку општина Аеродром, до Градскиот Парк, со што дадоа свој придонес во глобалната акција за почиста и поздрава животна средина. На тројца најсреќни учесници на дефилето: Стефанија Ангеловска од училиштето „Димитар Влахов“, Андреј Татарчевски од училиштето „Ѓеорѓи Димитров“ и Илија Лалковски од Електро факултетот, чии бројчиња беа извлечени, Адора Инженеринг им додели подароци велосипеди. 

На велоспидеското дефиле, учествуваа и Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, Евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, заменик министерот за животна средина Стево Темелковски и други претставнциите на државни, локални институции, бизнис секторот, невладиниот сектор и граѓани. Поддршката на манифестацијата по повод Европската недела на движењето е во рамки на бројните општествено одговорни активности, за кои Адора Инженеринг има долгогодишна богата традиција. 

OhridNews