Педесетина социјално загрозени смејства од Охрид и Дебрца, денеска, добија хуманитарни пакети кои ги обезбедија реномираната компанија „Адора инженеринг“ и Црвен крст Охрид.


-Јас потекнувам од работничко семејство затоа и ја познавам вашата ситуација. Со напорен труд и со помош на Господ стигнав до тука каде што сум сега. За кумството на Водици се сретнавме првпат и ви помогнав, сега се среќаваме повторно и повторно ви помагам, а се надевам дека на наредната средба ќе си помагаме едни со други и заедно ќе ги споделиме радостите.  – истакна Чифлаганец на доделување на пакетите.


Тој изрази блогадарност до волонтерите од  Црвен Крст од Охрид, кои, како што рече, високо професионално ја работат својата работа.

-За секоја приказна да биде како што треба да има двајца, како што сме ние од „Адора Инженеринг“ и  Црвениот крст од Охрид. Камо среќа сите општински црвени крстови да се вака добро организирани како што е случајот во Охрид. Додека имам можност секогаш ќе помагам.-додадеЧифлиганец.


Црвениот крст на Чифлиганец му додели благодарница за хуманите дела кои тој ги направи во охридско.

-Изразувам благодарност што имам можност да соработувам со вакви луѓе како Чифилиганец кои пред се имаат разбирање и хуманост во нив. Неговата компанија во три наврати доделуваше ваква помош на преку 150 семејства. Ако сите го следат примерот на Чифлаганец за брзо време во Охрид и Македонија ќе нема социјални случаи. –рече претседатело на Црвен крст Охрид,  Сашо Точко.


Благодарност до кумот на Водици упати секретарот на општина Охрид Димитрија Вревезоски.

– Чифлганец не само што беше кум на големиот верски празник Водици, тој доста и инвестираше во Охрид и беше главен „виновник“ за неколку хуманитарни активности. Ние од Општина Охрид посакуваме да има повеќе вакви големи луѓе како Чифлаганец. – истакна Вревезоски.

OhridNews