-Локациите на државно земјиште на јавното наддавање ги купивме по просечна цена од 328,35 евра за еден метар квадратен, што е пет пати повисока од почетната цена, а од продажбата државата ќе инкасира 2.801.344 евра. Со ова продолжува традицијата на успешен бизнис на АДОРА Инженеринг, која годинава одбележува десет годишен јубилеј на изградба на елитни станбено-деловни објекти низ Македонија, по највисоки стандарди за сигурност, црвстина, квалитет, енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Со оваа јавна лицитација, уште еднаш потврдивме дека може успешно да се работи иако цените на купеното градежно земјиште се високи, со изградба на атрактивни станови со светски квалитет. – изјави генералниот директор и сопственик на АДОРА Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец.
Проектантскиот тим на АДОРА Инженеринг, веќе почна да ги доставува идејните решенија за петте резиденцијални објекти во комплексот АДОРА-Лисиче, со што е обезбедена работа за оваа градежна компанија во следните две години, кога се очекува целосно завршување на околу 18.000 метри квадратни нови станбено-деловни површини. Најновиот инвестициски бизнис потфат на АДОРА Инженеринг за многу граѓани на Македонија претставува поволна можност преку проектот “Купи куќа, купи стан“ да станат сопственици на квалитетен дом.