Градежната компанија АДОРА Инженеринг е меѓу петте најуспешни брзорастечки компании во Македонија, со највисока стапка на пораст на вкупните приходи, пораст на обртниот капитал и пораст на кредибилноста. Ова беше истакнато на промоцијата на 9-тото издание на едицијата 200 Најголеми фирми во Македонија, што деновиве се одржа во конгресната сала Борис Трајковски во Скопје.
Искачувајќи се секоја година за неколку места нагоре, АДОРА Инженеринг е на 20-тото место по профитабилноста во работењето меѓу 200-те најуспешни компании во Македонија во 2011 година, според податоците на Централниот регистар. Брзорастечкиот тренд на развој во 10-те години постоење, АДОРА Инженеринг ја искачи на водечката позицијата меѓу компаниите во високата градба во Македонија, со изградени 18 елитни станбено-деловни објекти во Скопје, Охрид и Струмица, 1.300 висококвалитетни станови, неколку стотици луксузни деловни простории и голем број модерни подземни паркинг простори.
-Како пионери во регионот, овој градежен бренд создаде енергетски ефикасни станови што на станарите долгорочно им штедат енергија и пари, што е особено важно при покачувањето на трошоците и цените за греење во зимските месеци и за ладење во летниот период, како и во време на економска криза. Препознатлив белег на станбените објекти на АДОРА се сигурноста, цврстината и потврдената асеизмичност на становите, брзата градба и пред се високиот квалитет на еко објектите, што се должи на примената на најновите светски стандарди и меѓународни технологии за квалитетно, економично и здраво домување. – вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на АДОРА Инженеринг. Тој посочи дека во оваа кризна година, компанијата ги направи најголемите инвестиции, како што е проектот за изградба на петте нови елитни станбени згради во Ново Лисиче-Аеродром-Скопје и околу 50-те милиони евра вкупен финансиски обрт во двете насоки, што е домашна инвестиција за почит.
АДОРА Инженеринг два пати е прогласена за Инвеститор на годината, за 2010 и 2011-та година и е добитник на бројни награди, како националните признанија за најдобри општествено одговорни практики, меѓу кои неодамна и на јубилејното признание за најголем број вакви проекти и најмногу добиени награди.