„Адора Инженеринг“, денес, на Светскиот ден за заштита на животната средина, од министерството за животна средина и градот Скопје, ја доби плакетата НАЈЕКОЛОШКА КОМПАНИЈА во  Македонија, за достигнување и популаризирање на грижата за  заштита на животната средина и природата за 2013 година.

Наградата оди за Адора инженеринг, како резултат на  успешната сертифицирана  примена на меѓународниот стандард ИСО 14001 и приоритетната стратешка определба за заштита на животната средина,при градба на станбено деловните објекти,со примена на најсовремените европски еко технологии,зелена архитектура во работењето, геомеханичка  стабилност, асеизмичка градба, фотоволтажни и други системи за користење на обновливи извори на  енергија, и енергетски ефикасни градби. Ова ја прави компанија  лидер бидејки во Македонија сеуште не е донесен правилник, и светските трендови на  еко и енергетски ефикасни градба се  уште  не се  законска  обврска кај нас.

Зелените еко домови на „Адора Инженеринг“ на граѓаните-станари им овозможуваат современо, квалитетно и економично домување, со секојдневна долгорочна заштеда на потрошената енергија и пари, заштита на животната средина од загадување и штетни влијанија и одржлив развој на општеството. Со одличните коефициенти на топлинска и звучна изолација на станбено-деловните објекти, со озеленувањето и богатото хортикултурно уредување на нивната околина, користењето на современи обновливи извори на енергија, соодветно управување со отпадот и други проекти.

Како што истакна сопственикот на  „Адора Инженеринг ,Проф.д-р Ванчо Чифлиганец во своето обраќање при доделувањето на плакетата, компанијата активно и во иднина ќе работи на заштита на животната средина,и здравјето како вредност од витално значење за сегашните и идни генерации, а паричната награда ќе ја намени во хуманитарни цели-и доуредување на Градскиот Парк во Скопје. 

OhridNews