Природа, авантура и незаборавна забава. Така започнува продолжениот празничен викенд во Кампинг Љубаништа, каде на 1 Мај официјално се отвора адреналинскиот парк, подготвен да ги пречека сите љубители на активен одмор.

Сместен на една од најубавите локации на охридското крајбрежје, адреналинскиот парк во Кампинг Љубаништа нуди вистинско доживување за сите генерации, од најмладите до оние кои сакаат да ја тестираат сопствената храброст. Со повеќе од 30 авантуристички елементи, зиплајн и различни предизвици, ова е место каде адреналинот царува, а празничната атмосфера се загрева до вжештување.

По повод отворањето, за сите посетители е обезбеден специјален подарок – 50% попуст на влезниците во адреналинскиот парк во Кампинг Љубаништа, можност која не се пропушта за старт на сезоната на забави на отворено, исполнет со енергија и добра забава.

Адреналинскиот парк во Љубаништа, единствен од ваков вид во овој дел од државата, прераснува во омилена дестинација за дружење, тим билдинг или едноставно бегство од секојдневието во природа.

Овој 1 Мај – излезете од рутината и влезете во авантурата.
Кампинг Љубаништа ве чека!

OhridNews/PR