Познатата манекенка Адриана Лима има двојник. Станува збор за Сара Сампаио која има 21 година, португалска манекенка, која медиумите веќе ја нарекле новата Адриана Лима.

Тие навистина многу личат, имаат зелени очи, полни усни, и обете имаат богати договори со Викторија Сикрет. Сара се прославила токму со тоа што личи на Лима, а иако е помлада 10 години, веќе е едно од попознатите имиња во светот на модата. Баш како и на Лима, позирањето во бикини и е специјалност.