Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Адријано најави план за враќање на фудбалот за да може да стави вистински крај на својата кариера.
35-годишниот Адријано едно време беше сметан за најголем бразилски талент, со споредби со играчи како Роналдо, но по трансферот во Интер, тој не го оствари својот потенцијал поради повеќе причини, како прераната смрт на неговиот татко, но и љубовта кон ексцентричниот начин на живот.
Човекот кој имаше прекар „Император“ си замина од фудбалот по кратката авантура во Мајами во 2016, по што одби понуда да се врати во клубот од детството, Фламенго.
Минатата година бразилските медиуми објавија дека тој живее во фавела во Рио де Жанеиро, опкружен со дилери на дрога и проститутки, но во декември тој беше пречекан од својот поранешен тим Интер на посета на Италија, каде што изгледаше во добра форма. Сега, тој планира поинаков крај.
„Се подготвувам за нов проект, ќе се вратам на тренинзи во јануари. Без клуб. Од времето кога застанав со фудбалот останав во форма и сакам да го направам ова за самиот себе. Не можев да ја завршам кариерата како што посакувам бидејќи ми се случија работи кои ме оттурнаа од фудбалот. Мојата кариера застана на половина пат“, вели Адријано.
OhridNews