Некогашниот фудбалер на Интер, Адријано подготвен е да ги острани негативните работи од својот живот и повторно да му се врати на фудбалот.

Робусниот фудбалер го покажа својот потенцијал и квалитетот помеѓу „нероазурите“, но не прерасна во голем играч како што многуминаа му предвидуваа и очекуваа.

Адријано иако има 35 години сака да ја поправи сликата за себе и веќе почнал да тренира со Фламенго со кој потпишал договор без никаков финансиски приход. 

– Фламенго е многу важен клуб за мене. Секогаш сум подготвен да играм за мојот клуб и затоа не сакам ниту цент за возврат. – изјави Адријано.

Последен клуб на Адријано беше Мајами Јунајтед, но после распуштениот и нездрав живот клубот му го раскина договорот.

OhridNews