Охрид ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Adventure Next Balkan“ што ќе се одржи од 10-12 мај 2016 година. Ова било договорено на состанокот на работните групи на Секторот за туризам од швајцарската „IME“ програма и Секторот за туризам од општина Охрид, одржан деновиве.

 

На состанокот била утврдена методологијата за управување со туристичка дестинација по која што ќе се развива Охрид со поддршка на „IME“ програмата. Исто така биле посочени проблемите во областа на авантуристичкиот туризам, како што се безбедноста на турите за активен туризам, управувањето со отпад како и учеството на медиумите во промоција на туристичката дестинација. 

OhridNews