Грчкиот клуб АЕК од Атина ќе го заземе местото на Ракометниот клуб ЧСМ Букурешт на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, кој ќе се одржи од 14 до 17 август на теренот пред „Женска плажа“.

ЧСМ Букурешт учеството го откажа поради финансиските проблеми кои ги потиснаа желбите за нова авантура на еден од најстарите турнир на Балканот. АЕК веднаш ја прифатил поканата и ги заокружи шесте учесници. Претходно своето учество го потврдија македонските екипи Еурофарм Работник и Бутел Скопје и Констанца од Романија и Гуиф од Шведска.

Ждрепката за групите на 47-то издание ќе се изврши неколку дена пред почетокот кога и екипите пред очите на јавноста ќе ги искажат своите цели и очекувања.

OhridNews