Фреквенциите на А1 телевизија се законски одземени, изјави синоќа директорот на Агенцијата за електронски комунакации Роберт Орданоски во дневникот на „Сител“.

Согласно член 62, став 1, алинеја 4 од Законот за радиодифузна, дозволата за вршење на радиодифузна дејност престанува да важи по сила на закон, во случај на стечај, посочи Орданоски.

Тој истакна дека доколку телевизијата ги подмири долговите и излезе од стечајот, постои можност за враќање на френквенцијата.

Поради неплатен данок од околу 9 милиони евра и долгови од околу 20 милиони евра А1  од неодамна е под стечај, а против сопстеникот на телевизијата Велија Рамковски и дваесетина негови соработници и управители на сестрински фирми поведена е судска постапка за затајување на данок, перење пари и злосторничко здружување.

OhridNews

ЗНМ, МИМ и Синдикатот реагираат за згаснувањето на А1 ТВ