
Станува збор за службеници кои работеле на пренос на багажот на патниците на лет на авиокоманијата „Ер Берлин“.
За казната на вработените на „ТАВ Македонија“ вклучени во вакви инциденти одлучува дисциплинска комисија и се преземаат мерки кои се во согласност со трудовото право во Република Македонија и со дисциплинските регулативи на ТАВ. За кривичниот аспект, активностите ги презема полицијата и соодветните органи на Република Македонија, информираат од „ТАВ Македонија“
Оттаму уште додаваат дека компанијата ги спроведува безбедносните стандарди на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и Еропската конференција за цивилно воздухопловство, како и националните безбедносни стандарди на Република Македонија, додека Агенцијата за цивилно воздухопловство редовно ја проверува работата на безбедносните служби, а повремени проверки вршат и релевантни меѓународни институции како Европската конференција за цивилно воздухопловство.












