Поставувањето на бината за вечерашниот концерт  на Бело Дугме, како и поставување на пропратните елементи за потребите на концертот, без сoодветна заштина ќе предизвикаat големи оштетувања на тартан подлогата на стадионот – реагираат од канцеларијата на Атлетската федерација на Македонија .


Во нивната реакција стои:
“Сакаме да ве информираме дека и покрај предупредувањето од АФМ кои беа упатени до ЈП Билјанини Извори и Градот Охрид  како и усмените ветувања од директорот на ЈП Билјанини Извори, за да се преземат сите мерки за заштита на атлетската патека на стадионот Билјанини Извори пред одржувањето на концертот на групата Бело Дугме. При поставување на бината за концертот  не се преземени сите мерки за заштита на атлетската патека.


Во име на инвестивијата од 500.000 евра уште еднаш неколку часови пред одржувањето на концертот укажуваме и бараме да се направи се што е можно за да се заштити атлетската патека, а за настанатите штети досега ние остро ќе реагираме до ЈП Билјанини Извори и до Градот Охрид и ќе бараме одговорните лица да сносат одговорност за сторената штета.


Да потсетиме дека оваа атлетска патека е донација од ИААФ (Меѓународната Асоцијација на Атлетски Федерации), ИАФ (Меѓународната Атлетска Фондација), ЕОК (Европскиот Олимписки Комитет) и МОНДО (италијанска компанија која ја посатви патеката), која беше обезбедена од АФМ и МОК, а со свои средства во подлогата на патеката учествуваше и Агенцијата за млади и спорт. Атлетската патека беше официјално пуштена во употреба на 16 мај оваа година во присуство на легендата на светската атлетика г-динот Сергеј Бубка.


Овие укажувања се надеваме дека ќе се сватат добронамерно, затоа што веруваме дека главниот интерес на ЈП Билјанини Извори и Градот Охрид е развојот на спортската инфрастуктура за што ние и во иднина тоа ќе го докажиме со обезбедување на атлетска опрема за овој стадион, и дека пред се спортските објекти треба да се користат за спорт а не за концерти и слични настани.

Канцеларија на АФМ

Ohridnews