Локалната самоуправа од Вевчани ангажира професионална фирма од Скопје која по повод новогодишните и божиќните празници со бројни лампиони и украси ќе го уреди влезот во Вевчани, главната улица и плоштадот.

Пред општинската зграда се поставува 10 метри висока елка која ќе блесне во полн сјај со бројни сијалички, на главната улица ќе биде поставено и ѕвездено небо, додека пак споредните улички ќе бидат украсени од страна на локалната самоуправа.

За годинешното украсување на Вевчани од општинскиот буџет се издвоени 500.000 денари.   

OhridNews