Агенцијата за катастар на недвижности следејќи ги најновите трендови на современите информатички технологии изврши надоградба на својот електронски систем со нова хардверска инфраструктура, со цел значително зголемување на капацитетот.

– Во рамки на проектот Катастар на недвижности и регистрација финансиран од Светска банка извршена е надградба на сопствената хардверска инфрастуктура и воспоставена е таканаречена Цлоуд платформа за работа на сите електронски системи како за граѓаните, така и за професионалните корисници и вработените. Оваа нова Цлоуд платформа користи најсворемена технологија за виртуелизација како и доволен капацитет за складирање на сите геопросторни податоци со кои располага Агенцијата за кататстар на недвижности. Платформата е целосно редундантна и обезбедува максимална заштита на податоците на оддалечена локација на растојание поголемо од 100км од примарниот дата центар, велат од агенцијата.

Од агенцијата додаваат дека со воведувањето на новата платформа се зголемува брзината за решавање на предметите, се зголемува капацитетот на електронските сервиси, се зголемува брзината на пристап преку електронскиот шалтер од страна на професионалните корисници. Платформата е димензионирана така да ги задоволи потребите на Агенцијата за катастар на недвижности за наредните 5 години, како за Постоечките системи така и за системите кои се во програмата на Владата на Република Македонија а катастарот треба да ги имплементира.

OhridNews