Натпреварите и возбудувањата во Премиер лигата се минато за Радамел Фалкао кој според англиските медиуми се вратил во Монако.


Голгетерската машина од Колумбија сезона и пол не успеа да се аклиматизира на англискиот фудбал и како трансфер промашување заминува од колевката на фудбалот.

Фалкао прво го засили Манчестер Јунајтед и во една сезона само четири пати ја погоди противничката мрежа. Потоа се пресели во Челси, но и таму не успеа да ги повтори игрите од порано кога беше вбројуван меѓу најдобрите голгетери.

Во 11 натпревари постигна само еден погодок, а по доаѓањето на Гус Хидинк му било соопштено да се спакува и врати назад во Франција.

Ohridnews