Агонијата на Бастијан Швајнштајгер на Олд Трафорд заврши, Германецот го запиша првиот настап сезонава за Манчестер Јунајтед влегувајќи од клупата на мечот со Вест Хем во 1/4 финалето од Лига купот.


При влегувањето во игра, навивачите на „црвените ѓаволи“ со стоечки овации го поздравија Швајнштајгер кој за екипата настапи по пауза од осум месеци односно точно 20 март.


Поранешниот репрезентативец на Германија, преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите за одличниот пречек.


Манчестер Јунајтед со 4-1 го совлада Вест Хем и обезбеди пласман во полуфиналето, каде силите ќе ги одмери со Хул.

Спектакл во најава, „ѓаволите“ и „црвените“ се избегнаа во 1/2 финалето (видео)

OhridNews