Во викенд билтенот на СВР Охрид повторно доминираат информации за нарушување на јавниот ред и мир, тепачки и агресивно однесување.

Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид приведен бил 31-годишен скопјанец. Тој претходно, на улицата „Партизанска“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон минувачи.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Исто така вчера, околу 14.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 45-годишно лице од една и три други лица, од друга страна, сите од Охрид.

Во врска со случајот, при претрес, извршен по судска наредба во домот на 45-годишниот охриѓанец, полициските службеници од одделението за борба против дрога и оружје пронајдоа и одзедоа една ловна пушка „Маверик“ калибар 12 милиметри и 59 куршуми различен калибар. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот Димоски.

OhridNews