Манчестер Сити со погодокот на Аргентинецот, Кун Агуеро го совлада Манчестер Јунајтед минимално со 1-0 во градската пресметка.
„Граѓаните“ голема помош за освојување на бодовите имаше од дефанзивецот на Јунајтед, Крис Смолинг, кој заработи два жолти картони во првиот дел.
„Ѓаволите“ не издржаа со десет играчи, а одличниот Давид де Геа капитулираше еднаш и тоа во 63-та минута по ударот на Агуеро.
И со играч помалце Јунајтед имаше свои шанси, но Руни и Ди Марија не успеаја да погодат и да извлечат бод.
Резултати : Мен Сити – Мен Ју 1-0, Астон Вила – Тотенхем
Мх.П.