Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеор е прогласен за најдобар играч од навивачите во Премиер лигата за 2014 година.
Погодоците на Агуеро му помогнаа на Манчестер Сити да стигне до петтата титулата во историјата од Премиер лигата.
Сезонава Аргентинецот одново е главен играч на „граѓаните“ па навивачите за тоа го прогласија за најдобар.
Во трката за наградата покрај Агуеро учествуваа Еден Азард и Бранислав Ивановиќ (Челси), Јаја Туре (Мен Сити), Рахим Стерлинг (Ливерпул) и Морган Шнајдерлин (Саутемптон).
Мх.П.