
Тој рече дека иако партијата учествувала на претходните претседателски избори, не добила никогаш претседател, и затоа ДУИ сега нема да понуди свој кандидат.
-Земјата оди напред со нови и големи идеи, независно дали доаѓаат од страна на Албанците или на Македонците, но на овој начин избраниот претседател, кој и да биде, за ДУИ ќе биде нелегитимен. Во однос на паралментарните избори немаме време за губење, ќе има избори во Брисел, локални во Грција, што значи тие нема да бидат ангажирани за нашите процеси, затоа во 2015 година треба да се реши спорот со името, да се интегрираме во НАТО и да добиеме датум за отпочнување на преговорите за влез во ЕУ. Повеќе не смее да се одолговлекуваат овие процеси, бидејќи тоа може да предизвика меѓуетнички конфликти и земјата да се изолира. До кога Албанците ќе бидат заменици, а не на главни функции? Ние не сакаме да ја делиме Македонија, не знаеме дали тоа го сака некој друг, но повеќе не сакаме да бидеме ниту потстанари на оваа држава. Ние нема да правиме компромис, и нема да голтаме се што ќе ни се сервира, рече Ахмети.
OhridNews
извор:„Телма“











