„Не се согласуваме земјата да се нарекува словенска Република Македонија, ни национална Република Македонија, ниту пак да остане во употреба поранешна југословенска Република Македонија. Секој друг компромис за нас е прифатлив. На пример: Горна Република Македонија, Северна Република Македонија и сл.“ – изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Дојче Веле“.

Според него, постои разбирање со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ, но потребно е да се постигне компромис со грчката страна околу името.

„Моментно има една идеа од посредникот Нимиц и поради таа причина ДУИ ја има и оваа нагласена дипломатска активност, затоа што оценуваме дека сега е моментот страните да седнат на заедничка маса. Јас, меѓутоа, не сум оптимист дека ова прашање ќе се реши сега во јуни со што би ги започнале преговорите за членство во ЕУ.“  – вели Ахмети во интервјуто.

Тој додава дека одлагањето на решавање на овој проблем, не би влијаело добро врз меѓуетничките односи не само во земјава, туку на целиот западен Балкан.

OhridNews