Локалните избори треба да се одржат во законски предвидениот рок и сега треба да се видат сите околности што треба да се почитуваат, изјави синоќа претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) , Али Ахмети во разговорот за телевизијата на ТВ 24, пренесува „Макфакс“.
Ахмети додаде дека одлуката што ја донеле во ДУИ за влегување во влада предводена од СДСМ била едногласна, изјави синоќа за ТВ 24, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Прашањата за избор на влада во Собранието и за негов претседател ги регулира Уставот и деловникот на Собранието и тие треба да се разгледаат. Сите што ја дале поддршката за новиот мандат тоа го направиле со слободна волја и не верувам дека некој ќе се повлече“, рече Ахмети одговарајќи на прашањето што ако претседателот Ѓорге Иванов не ја смени одлуката и не го даде мандатот на СДСМ.
Истакна дека треба да се разгледаат сите аспекти на Уставот и на деловникот на Собранието во однос на изборот на новата влада.
Ахмети додаде и дека ДУИ не тактизирала кога ја носеле одлуката да поддржат влада предводена од СДСМ, зашто во меѓувреме според него „се воделе дебати по разни прашања“.
„Локалните избори треба да се одржат во законски предвидениот рок во мај 2017 година, и сега треба да се видат сите околности што треба да се почитуваат“, рече Ахмети.
OhridNews