Македонија има институционални капацитети за надминување на ситуацијата, а ДУИ прави напори во рамките на демократските меканизми за реализација на политичките цели во доброто на земјата и граѓаните.

Ова, како што пренесува „Макфакс“, вечерва му го пренел лидерот на ДУИ Али Ахмети, на известувачот на Парламентот на Европа за Македонија, Ричард Ховит, на средбата во седиштето на Европската Унија во Скопје, а во врска со кризата во владината коалиција.

„Приоритетна цел на земјата е интеграција во НАТО и ЕУ и Македонија мора да продолжи да инвестира во здрави меѓуетнички односи, да го имплементира Охридскиот Договор, да има добри односи со соседите и да продолжи со напорите за економски развој на земјава“, рекол Ахмети

Лидерот на ДУИ повторно ги нагласи очекувањата за позитивен извештај во Октомври годинава како и за напредок во заклучоците на Советот на Европа во Декември затоа што Македонија ќе продолжи да ги реализира еформите очекувани од Европската Унија.

OhridNews
извор:„Макфакс“