Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, побарал да присуствува на погребот на неговиот политички опонент, почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, но бил одбиен од ДПА.
Извори од ДУИ за порталот на албански јазик Zhurnal велaт дека Ахмети добил негативен одговор на неговото барање да се приклучи на церемонијата на погребот на Џафери со единственото објаснување дека „не е добредојден”.
„На денот кога почина почесниот претседател на Демократската партија на Албанците, Ахмети изрази желба да учествува во церемонијата на последното испраќање на Арбен Џафери, но одговорот од ДПА беше негативен. Тоа беше краток одговор, без натамошно објаснување. Рекоа само дека Ахмети не е добредојден и затоа не може да учествува на погребот”, вели партиски извор од ДУИ за Zhurnal.
На погребната церемонија на Арбен Џафери, што се одржа во четвртокот во Тетово, присуствуваа двајца членови на ДУИ, Хајрула Мисини и Бехиџудин Шехаби.
Ахмети не бил пожелен на погребот на Арбен Џафери
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com