Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека партискиот кандидат Фатмир Дехари  е новиот градоначалник на општина Кичево, пренесува „Макфакс“.

Информацијата со овации беше проследена од насобраните луѓе во партискиот штаб во Мала Речица.

Исто така, Ахмети објави победа и во Чаир, Дебар, Желино, Боговиње, Сарај, Липково, Пласница и Тетово.

OhridNews

извор:„Макфакс“