Потребно е име што ќе го одрази мултиетничкиот карактер на земјава, порача од Виена лидерот на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети.

„Секое име што го одразува мултиетничкиот карактер на државата, е прифатливо за Албанците во Македонија.“ – потенцира Ахмети.
Лидерот на ДУИ при средбата, истакнал дека е задоволен од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, додека евро-атланските интеграции остануваат приоритет за Владата во Скопје.
OhridNews












