Локалните избори не треба да се политизираат туку треба да бидат одраз на реалните состојби во општината, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети, на предизборниот митинг што вечерва се одржа во Струга.
Ахмети апелираше на смиреност и разум до политичарите, кои,
како што рече, треба да внимаваат што зборуваат и како го ориентираат народот.
-Ние не се плашиме од нашите сограѓани Македонци, само бараме еднаквост и да нема дискриминација. Народите кои живеат на овие простори не сакаат дискриминација и војни. Нив ги создаваат луѓето кои имаат претензии. Треба да се почитува гласот на народот, затоа што тој што ќе победи ќе биде градоначаник на сите граѓани и треба да ги почитува сите граѓани. Градоначаникот има одговорност да ја гради и развива Струга. Таа не треба да се дели на албанска, македонска, ромска. Струга е на стружани, Струга е на мнозинството во Струга. Тоа не може да се негира и треба да се почитува од сите.-рече Ахмети.
На митингот беа претставени кандидатите за советници на коалицијата ДУИ, ПЕИ и Нова Демократија и кандидатот за градоначалник д-р Арбен Лабеништи. Toj истакна дека ќе го вложи
целиот свој капацитет во извршување на функцијата со цел Струга да стане подобра
и попросперитетна општина.
-Ќе работам посветено Струга да биде поубаво место за живеење, за подобра иднина на нашите деца. Ќе се залагам за изградба на инфраструктура, нови патишта, за подобрување на условите во образобванието, културата, уметноста, спортот. Ќе правиме убави работи за сите граѓани.-вети Лабеништи.
ДУИ очекува победа на претсојните локални избори во Струга. Истовремено партијата јавно вети дека ќе го поддржи противкандидатот од ДПА доколку тој влезе во вториот круг од изборите, но истото тоа го очекува од неа доколку во трката за градоначалник по 24-ти март остане нејзиниот кандидат Арбен Лабеништи.
OhridNews