Најтрофејниот холандски клуб, Ајакс ја разгледува можноста да го ангажира Марио Балотели кој нема иднина на Енфилд во дресот на Ливерпул.
Балотели, не го искористи големиот потенцијал и прокоцка неколку добри прилики да се вивне во фудбалски височини.
Ајакс во името на Балотели гледа искусен голгетер кој и тоа како му потребен за последната квалификациска рунда за пласман во Лигата на Шампиони и за битките во „Ередивајс“ лигата во Холандија.
Италијанскиот репрезентативец професионалната кариера ја започна во Интер, потоа се пресели во Манчестер Сити, а од таму се врати во Италија во редовите на Милан и на крај заврши во Ливерпул.
Падот во формата на Балотели последниве години го чинеше неповивукување во репрезентацијата на Италија за Европското првенство во Франција.
OhridNews