Без голови и без победник заврши дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен во првиот меч од 11-та рунда во Бундес лигата.
Со ремито без голови фудбалерите на Ајнтрахт ставија точка на победничката серија на „баварците“ која траеше цели десет натпревари.
Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола тактизираше со составот оставајќи ги на клупата Томас Милер и Давид Алаба, но не му се исплатеше откако не успеа да триумфира комбинираниот тим.
Ohridnews











