Утре со почеток од 12 часот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” ќе се одржат академски дијалози на министерката за одбрана Славјанка Петровска со академскиот кадар и студентите на Универзитетот.
Академските дијалози претставуваат можност за дебата, размена на мислења и отворање на нови можности за македонската наука и високото образование, велат од Универзитетот.
Исто така, планирана е и научно – стручна дебата на тема „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Северна Македонија – можности по членството во НАТО” и презентација на можностите за професорите и студентите на НАТО Фондот „Наука за мир”.
OhridNews