Во рамки на своите хуманитарни активности, Црвен крст Охрид во соработка со компанијата Комфи Ангел од Прилеп, ќе организира хуманитарна продажна акција на високо квалитетните производи на оваа реномирана компанија.

Акцијата ќе се реализира на 20-ти април, сабота, на плоштадот Чинар. Во периодот од 9-17 часот, ќе бидат изложени познатите производи на Комфи Ангел, постелнини, перници, јоргани, душеци и др., а посетителите ќе имаат единствена можност истите да ги набават по симболични, промотивно-хуманитарни цени.

Дел од средствата собрани од продажбата на производите ќе бидат наменети за помош во реализација на новиот спортски потфат на нашиот херој Марко Пејчиновски.

OhridNews