Утре ќе се спроведе акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14. Радојца Новичиќ информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Жителите од оваа урбана заедница ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 22.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од претпријатието.
OhridNews