Општина Охрид продолжува со отстранување на бесправните градби кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.

Активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид. Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упатува апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите. – истакнуваат од локалната самоуправа.

Општина Охрид во координација со Владата останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО, имплементацијата на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Општина Охрид ќе продолжи да се залага за конечно воведување на ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано. Активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не биде отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот. – велат од Општина Охрид.
OhridNews
















