Општина Охрид ги презема сите активности во согласност со законските прописи, со цел да се исполнат задолженијата кои Владата им ги додели на општините, за подобро и поефикасно спроведување на препораките од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кои се во насока на зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско наследство, велат од локалната самоуправа.
Веќе се изготвува Акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО. Веднаш по изготвувањето, овој план ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид. Општинските надлежни служби ги рагледуваат законските можности во однос на владината препорака за прогласување на мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство. – инфомрира локалната самоуправа.

Како што е познато, Комитетот за светско наследство на последната сесија што се одржа во Баку, Азербејџан, и даде рок на нашата земја до 1 Февруари да преземе мерки за отстранување на 19 -те забелешки на Реактивната мисија на УНЕСКО нотирани уште во 2017 година.
Г.М.












